ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две лица кои ја преживеаја тешката трагедија во Бугарија пристигнаа во Скопје

Вјолца Алити

Advertisements

Од софиската болница во Скопје пристигнаа првите преживеани од трагедијата на 23 ноември. Се работи за две лица на возраст од 17 и 49 години.

По пристигнувањето во Ургентниот центар во Скопје, тие се испратени на натамошно лекување на Клиниката за пластична хирургија. Властите соопштија дека нивната состојба е стабилна, а на пациентите им била укажана психолошка помош по пристигнувањето.

Роднините на преживеаните им посакаа добредојде на нивните роднина, велејќи дека се среќни за нив, но истовремено и шокирани од тешката трагедија во која животот го загубија 45 лица, меѓу кои 12 деца.

„Од една страна, среќни сме, од друга страна тажни сме затоа што имаме и многу жртви. Господ да ги смири засегнатите семејства… Не знам што друго да кажам, ние сме шокирани. Животот продолжува, мора да го живееме. Ни кажа дека сама се обидела да побегне, се обидела да ја повлече и својата братучетка но не успеала, а потоа успеала сама да излезе од автобусот, кој потоа експлодирал“, изјави Реџаил Камберовски, роднина.

Останатите пет преживеани кои се наоѓаат во софиската болница се очекува да пристигнат следната недела, односно до 1 декември. Предвидено е четворица од нив да бидат примени на Клиниката за пластична хирургија и еден на одделението за траума. /Алсат.м

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button