
Денеска треба да се одржи првата седница на новоизбраното 47. Народно собрание на Бугарија што во минатата недела ја закажа претседателот Румен Радев. Веднаш потоа почнува и процедурата за новата влада. Уставната процедура најпрво предвидува шефот на државата да има консултации со сите парламентарни партии, а бидејќи сега има седум партии во новоизбраното 47. Народно собрание, тоа би траело најмалку 2 дена. Така, најраниот можен датум на кој претседателот Радев може да го предаде првиот мандат, на 8 декември.