ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алтернатива ги утврдува предлог-имињата на новите директори

Алтернатива сè уште ги нема утврдено имињата на директорите кои треба да бидат именувани согласно договорот Заев-Гаши постигнат минатата недела. Важни институции, агенции и јавни претпријатија ги очекуваат новите имиња на раководните лица, но доколку процесот се одолговлекува може да ја загрози исплатата на платите во овие институции. Конкретни чекори се очекуваат од понеделник, велат извори на Алсат од Алтернатива.

Advertisements

Засега неофицијално се дознава дека во МЕПСО ќе биде предложен портпаролот Орхан Муртезани, додека за двата ресора што ги обезбеди Алтернатива се споменуваат имињата на Беким Сали и Адмирим Халити од Куманово. Непознати се имињата на замениците во култура, образование и транспорт или финансии. Образложението од Алтернатива и од СДСМ е дека на позициите од првиот и вториот ешалон може да се чека уште најмалку еден месец. Дотогаш треба да заврши процесот на реформа на владиниот кабинет што ќе следи по изборот на нов претседател на СДСМ и именувањето на нов мандатар.

Покрај МЕПСО и Железници-Транспорт, Алтернатива обезбеди и директорот на Фондот за пензиско, на Матичниот регистар, Агенцијата за странски инвестиции, Агенцијата за млади и спорт, тетовската болница, дел од управните совети и заменик-претседател на Собранието. Неофицијално, за заменик на Талат Џафери ќе биде предложен пратеникот Хисни Исмаили.

Договорот Гаши-Заев предизвика реакција на коалициските партнерите на СДСМ кои на почетокот на неделава одржаа состанок во Влада. Некои од нив отворено наведоа дека за нив е неприфатливо политичкото влијание врз судски случаи за кои се тврди дека се монтирани и за измени во Законот за рамномерен регионален развој.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button