Општина Тетово сè уште истражува како трошела Теута

Bashkim Sulejmani
По поставувањето на билбордот во Тетово со долгот на општината, од локалната власт во Тетово тврдат дека секоја злоупотреба ќе биде испратена до Обвинителството. Сè уште се врши внатрешната ревизија на работата на поранешната градоначалничка Теута Арифи и за начинот како биле трошени народните пари.
„Во моментов внатрешната ревизија работи во оваа насока и сите неправилности што ќе ги констатира ревизијата, ќе бидат испратени до Обвинителство. Доколку е потребно ќе се изврши надворешна ревизија. Исто така, во фаза сме на испитување на можностите за раздолжување и надминување на оваа криза која се создавала осум години.“
Во меѓувреме, тетовчани се скептични дека некој ќе одговара за долгот на општината од 24 милиони евра.
Веќе не верувам во ништо. Ние немаме држава. И албанските партии се нула, воопшто не мислат за народот. Невработеноста е висока.
Луѓето треба да го ценат тоа. Проблемот е целосно кај народот, народот гласа за тоа и народот мора да одговара, бидејќи тука нема закон, ништо не функционира.
Алсат се обиде да стапи во контакт со поранешната градоначалничка, Теута Арифи за вртоглавиот долг на општината, но безуспешно. Вкупниот долг на Тетово е 24 милиони евра, од кои 14 се на општината, додека 9,7 милиони на општинското јавно претпријатие Тетово, а потоа следува градскиот паркинг.