ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пецаков: Долгот на Охрид и јавните претпријатија е 22 милиони евра

Вкупниот долг на општина Охрид заедно со јавните претпријатија изнесува околу 22 милиони евра, објави новиот охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков. Според него она што претходно било пласирано во јавноста во каква финансиска состојба се наоѓа општината не одговарала со реалната состојба. Само од јули до ноември вкупниот долг се зголемил за 8 милиони евра.

Advertisements

„Во самиот предизборен период, односно пред почетокот на изборната кампања и во текот на истата долгот на општина Охрид насраснал за феноменлани нешто повеќе од 8 милиони евра. Сето тоа е резултат пред се на недомаќинско работење, предимензионирање на буџетот, одвојување големи суми на времени вработувања, трансфери кон невладини организации и медиуми. Околу 2,5 милиони евра,само во предизборната година 2021 се договори склучени и тендерирани исклучиво за асфалтирање. Останатиот дел се однесува на фактури кои не биле книжени“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button