МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд се истакна на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, вели претседателката на Антикорупциска

Уставниот Суд ја потценува интелигенцијата на стручната фела, но и на јавноста, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска. Запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста на законот со кој се дава дискреционо право на компанија, со пари на граѓаните да гради автопатишта низ земјава, Ивановска вели:

Advertisements

„Симболично, би рекла, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата се одекна Уставниот суд со една таква одлука, за отфрлање на нашата иницијатива, во која што беа детектирани високи ризици од корупција. Во текот на вчерашниот ден излезе и образложението. Одговорот е далеку под нашите очекувања и мислам дека со таков одговор Уставниот суд ја потценува интелигенцијата на овој народ и на стручната фела“, вели Ивановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button