ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Џамбаски: Ако не го издржи притисокот, бугарската влада ќе падне!

Бугарската влада може да го издржи притисокот за С Македонија, ако сака, ако не – ќе падне. Ова за БНР го изјави европратеникот Ангел Џамбаски, заменик претседател на ВМРО, пренесе „Труд“.

„Нема вистинско време да се предаде Македонија! Не постои добар ПР-момент во кој може да се предаде овој интерес и да се извлечеме од него. Дури и се прашувам дали позицијата на нашата земја може да се потврди на национален референдум. Во голем дел од бугарското општество постои основана загриженост дека новата влада може да направи потези кои во суштина се отстапки – да се согласи да започнат преговори меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија без да се решат прашањата за кои сметаме дека треба да се решат“, вели заменик-претседателот на ВМРО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button