ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Димитров кажа што мисли за седницата на Советот за национална безбедност на Бугарија

Заклучоците од Советодавниот Совет за безбедност на Бугарија на некој начин ја потврдија статус-кво состојбата бидејќи ја потврдуваат декларацијата од бугарското собрание и рамковната позиција на нивната влада, вели во одговор на новинарско прашање вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
„Документ којшто е непристоен и нецивилизациски и е навредлив за македонскиот народ оти зборува за етно инженеринг. Небаре, во историјата на создавање на народи и нации има природен и неприроден начин за создавање на народите“, вели Димитров.