ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово формираше работна група за изградбата на проблематичниот водовод

Истражниот тим почна да работи на проектот за водоснабдување во Тетово за проверка на евентуални пропусти при реализацијата.

Од општина Тетово за Алсат велат дека во наредните денови ќе има повеќе детали.

„Оваа група е формирана денеска по наредба на градоначалникот и започна со работа на терен, како што истрагата тече, така ќе бидете информирани.“

Според информациите на Алсат, првично се контролираат трите места каде често се случуваат дефекти, а во наредните денови ќе има целосна ревизија на проектот. Главните сомнежи се дали проектот бил реализиран според планот и дали се ставени соодветни цевки кои можат да го издржат притисокот. Запрашани во јавно комунално претпријатие Тетово, проектантот на проектот за водоснабдување, информира дека цевките нема да треба да се менуваат, но на пролет ќе биде неопходна работа на терен.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вчера најави дека доколку се утврдат пропусти од општинските власти или од фирмата што го реализираше проектот, ќе биде поднесена пријава против одговорните.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button