Булизмоот стана ноќна мора за децата

„Дебела“, „Слаб“, „уличар“, „дембел“, „носи очила“ и „се облекува без стил“. Ова се само дел од зборовите со кои многу деца секојдневно се малтретирани станувајќи жртви на булизам. Средношколците, неизразуваат загриженост за замавот што го зема овој феномен, додавајќи дека не се третира доволно, и се смета за шега, дури и од одредени професори.
Греса Фазлија, ученичка
„Училиштето е местото каде што ученикот треба да се чувствува безбедно, и не треба да се чувствува лошо бидејќи училиштето е втор дом на ученикот. Дури и ако имаш семејни проблеми, на пример, доаѓаш на училиште за да бидеш безбеден, да се чувствуваш сигурен, а не и таму да се повтори истото. Започнува како шега, но завршува лошо. Навистина, без самите да поминете низ тоа, не можете да знаете како е чувството.
Анида Рамадани, ученичка
„Да излезе само една личност и да не поддржи кога сме жртви на булизам, тоа е навистина светлина што го подига моралот на жртвата. Многу е важно ако ги видиме овие случаи што се случуваат во училиште, или било каде, да постапуваме и ако на кој било друг начин не можеме да им помогнеме барем само од морален аспект да помогнеме“.
За да ги поттикне учениците да зборуваат за оваа појава, професорката Гилман Османи Муслији сними краток филм кој ја третира приказната за еден ученик – жртва на булинг.
Гилман Османи Муслији, учителка
„Како родител сум многу загрижена поради оваа појава. Кога се случило да реагирам во институција добивав одговор, деца се, ќе им помине, ништо не е. Ова ме поттикна да ја третирам како тема и да пренесам порака за подигнување на свеста кај луѓето, дека несоодветното однесување е вид на насилство кое се претвора во булизам и има психолошки последици врз децата, губење на волјата да одат на училиште, да разговараат со пријателите, да се дружат “.
Во меѓувреме, од Детската амбасада „Меѓаши“ велат дека во текот на 2021 година 168 деца пријавиле дека биле жртви на булизам во различни форми. Поголемиот број се однесува на физичко, емоционално, сексуално насилство и булизам. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми