ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Болниците преполни со административци, а лекари чекаат вработување

И покрај големиот недостиг на лекари и друг медицински кадар низ целата држава, голем број од веќе завршените кадри сè уште седат дома. Според Агенцијата за вработување, заклучно со 31 октомври 2021 година, вкупно 213 доктори по медицина, чекаат вработување. Од нив, 20 се евидентирани во Центарот за вработување Струга, а 10 во Охрид. Еден невработен специјалист педијатар е евидентиран во Центарот за вработување на Град Скопје. Само во охридската општа болница фалат повеќе од 30 лекари специјалисти, но и медицински сестри.

 „…Мене ми е несфатливо да треба 500 документи да потпишеме, а тој доаѓа со сите десетки. На тој човек не му треба ништо. Не му треба ни врска, ни партиска припадност, тој од утре треба да е на работа и за шест месеци на специјализација.“

Од друга страна, голем е бројот на немедицински персонал. Само во охридската болница има седум лица со завршен Факултет за туризам кои работеле во управата.

„…Немедицински персонал имаат сите болници, како уште една болница да се направи. Тоа е баш непотребен персонал и нема што да му правите.“

„…Најголем проблем е здравствениот модел кој нашата држава го има и начинот на кој тој функционира воопшто не може да го издржи ни една држава од типот на Швајцарија или Словенија. На 15 километри, Струга-Охрид, има пет болници. Никаде нема на толку краток простор толку болници.“

Помеѓу лекарите во регионот веќе со години се заговара идејата за спојување на петте болници во еден здравствен центар, како единствено решение за да се нудат подобри услуги и да се надмине проблемот со недостиг на кадар.

Miki Trajkoski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button