ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општините и владата без трошка кохабитација за проблемите

Локалната и централната власт изминативе недели со низа меѓусебни обвинувања чија е вината и кој е надлежен да ги реши проблемите со кои се соочуваат граѓаните настанати од енергетската криза. Состојбата со јавниот превоз, поскапената струја и неизвесноста со парното, се дел од проблемите за кои властите си ја префрлаат топката кој е повеќе надлежен да изнајде решение. Ваквата комуникација уште повеќе ја намалува и така малата доверба на граѓаните кон институциите. Потребен е заеднички пристап за полесно решавање на проблемите, вели аналитичарот Марко Трошановски.

„Оваа комуникација е продолжување на поларизирачката реторика или стил на комуникација помеѓу политичките чинители години наназад којашто доведува до ситуација на силни внатрешни поделби помеѓу населението и огромен пад на довербата во институциите и системот од друга страна. Кај граѓаните се создава чувство на апатија, недоверба и пред сè, немоќ да се справат со ситуацијата и на сериозен начин влијае на кохезијата во општеството.“

Владата побара од Град Скопје и општините во градот да одвојат од буџетот за да може да покријат дел од трошоците за поскапените сметки за парно. Но, градот се прогласи за ненадлежен и одговорноста ја префрли кај централната власт. Изминатава недела и ЈСП побара државна помош за да ги покрие зголемените трошоци поради енормниот раст на цената на метанот. Владата одговори дека надлежен за тоа е Град Скопје. Дури и општините побараа пари од централниот буџет за покривање на дел од сметките за струја, но од Владата засега официјално не им одговорија.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button