ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Состојба на патиштатa

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.

РАБОТИ НА ПАТ:

СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип – Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена брзина од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button