ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски најавува соработка со опозицијата и со граѓанскиот сектор
Премиерот Димитар Ковачевски му го претстави кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Ковачевски истакна дека го уверил шефот на државата оти Владата ќе соработува со сите, вклучително и со опозицијата и граѓанскиот сектор.
За средбата со лидерот на македонската опозиција Хрстијан Мицкоски, премиерот рече дека во наредните денови ќе се воспостави комуникација, а ќе се разговара за заеднички решенија за енергетската, здравствената и економската криза.
Владиниот кабинет остана само за да се слика и си замина пред Ковачевски да го започне говорот. Неговиот прв говор како премиер пред медиумите го слушнаа само вицепремиерите.
Адриан Керими