ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шарпланинските села се празнат, некогаш 500, сега 100 ученици

Со долги и студени зими, угорнини кои треба да се поминуваат секој ден за да се купи леб и улички кои треба да се чистат со пешачење. Ова е секојдневието за жителите во селата на Шар Планина. Обезбедувањето дрва за зимата, но и храна е сè потешко, поради економската криза.

Advertisements

„Едвај живееме, што да правиме, нема што да правиме. Зимата овде трае долго, станува студено. Сите улички ги чистиме самите, тука нема ништо. Едвај обезбедуваме храна со пензијата што ја дава државата. Работите ги носиме в раце, немаме друг начин, кој има коњи, има, кој нема, така ги носиме“, вели еден жител.

Во последниве години состојбата на Шара се влошува со иселувањето на младите. Според имамот во Шипковица, многу семејства се иселиле на Запад, а во селото останале само постарите.

„Останати се многу семејства и тоа само старци, мајката и таткото. Се враќаат понекогаш, но овде иселувањето си го прави своето. Навистина е многу тешко за постарите кои се оставени сами. Од година во година народот се намалува. Тоа го забележуваме повеќе кога доаѓаат иселеници и кога џамијата се полни. Кога тие заминуваат останува малку народ, а тоа покажува дека голем број млади луѓе ја напуштиле својата татковина“, рече Зендел Џезаири, Имам во Шипковица.

Ова најдобро го покажува бројот на ученици во основното училиште кој пред неколку години беше околу 500 ученици, а сега едвај стотина.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button