МАКЕДОНИЈА

Тетово – И покрај зголемениот број случаи мерките за заштита од Ковид-19 не се почитуваат

И покрај новите антиковид мерки и зголемувањето на бројот на заразени, на пазарите секој ден има се повеќе гужви и луѓе кои не ги почитуваат мерките.

Advertisements

-Зошто не носите маска, не се плашите дека ќе се заразите?

„Не, нималку. Зошто? Маската ќе ме заштити? Не ми е гајле воопшто, брат ми се грижеше за себе и пак се зарази”, вели еден тезгаџија.

„Не, не, воопшто нема вирус, вирусот е само кај крадците, ние немаме вирус. Ова е голема пропаганда за луѓето, па нека прават пропаганда. Луѓето секогаш умирале, нормално, но од вирусот никогаш”, додава еден пазарџија.

“Зошто да носиме маски, вие и Владата се грижите за нашето здравје, нели?, вели еден минувач.

Имаше и купувачи кои не носеа маски, или како што се случува вообичаено да ги имаат со себе, но ги чуваа во џебовите.

„Ја заборавив во автомобилот.  Малку се плашам, но ја оставив колата далеку”, вели еден потрошувач.

Утрово на пазарите во Тетово немаше полициски патроли за контрола на оние кои не носат маски. Од кризниот штаб во Општина Тетово велат дека на следниот состанок ќе разговараат дали ќе се затвори пазарот или не.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button