МАКЕДОНИЈА
Тренчевска кажа колкав е бројот на деца коишто питачат низ улиците во државава

Децата коишто питачат по улиците треба да ги вратиме во образовниот систем оти инвестицијата во нив е инвестиција во иднината, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Говорејќи на таа тема, Тренчевска обелодени и колкав е бројот на деца коишто наместо во училишните клупи питачат на улиците.
„Во моментот, преку теренската работа на центрите за социјална работа и на мобилните тимови, детектирани се 70 деца на улица, во главниот град и во останатите градови. Најголем дел се по улиците на Скопје“, вели Тренчевска.