ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Локвенец кажа која е очекуваната динамика за изградба на пругата кон Бугарија

Железничката делница кон Република Бугарија е поделена во три фази, од кои првите две веќе се во тендерска постапка, а третата е во фаза на подготовка на тендерската документација, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец. Запрашан за динамиката на изградба на железничката пруга, Локвенец рече:

„Проектираното времетраење, од страна на проектантите, на првата фаза е две години, додека на втората е три години. Почнуваме 2022, крајот на 2023 би требало да заврши првата фаза, тие први 31 километар, до Бељаковце, а во текот на 2024 да заврши втората фаза, вторите 34 километри и да стигнеме пред Крива Паланка“, рече Локвенец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button