ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Локвенец: Во 2027 со воз на кафе во Софија

Со воз на кафе во Софија би можеле да очекуваме дека ќе одиме во 2027 година, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец. Како што кажа тој, проекциите се дека железничката линија, од двете страни на границата се очекува да се заврши во 2027 година.

„Целото го прават двете страни и нашата и на колегите од бугарска страна. Проекцијата на колегите од бугарската страна се дека во текот на 2027 година тие ќе го завршат својот дел од обврските и доизградбата на новата пруга од Софија до Ѓуешево, така што 2027 година е реалноста за очекување ние да пиеме кафе во Софија, а и нашите пријатели од Софија да го пијат кафето во Скопје“, рече Локвенец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button