ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во Женева ќе ги разгледува податоците за состојбата на човековите права во Северна Македонија по четврти пат.

„Северна Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП), за време на претстојната седница, што ќе се одржи од 29 април до 10 мај. Првиот, вториот и третиот УПП преглед на Северна Македонија беа одржани во мај 2009, јануари 2014, односно јануари 2019 година“, соопшти Канцеларијата на ОН во Скопје.

Работната група на УПП се состои од 47 земји-членки на Советот за човекови права, секоја од 193-те земји-членки на ОН може да учествува во прегледот на земјата.

„Документите врз што се темелат прегледите се: националениот извештај – информации обезбедени од страна на државата што се разгледува; информации содржани во извештаите на независни експерти за човекови права и групи, познати како специјални процедури, договорни тела за човекови права и други ентитети на ОН; информации обезбедени од други засегнати страни, вклучувајќи ги националните институции за човекови права, регионалните организации и групите за граѓанско општество“, се појаснува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button