ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Економски магазин“, минималната плата не може да се зголеми пред април

Минималната плата не може да се зголеми пред април. Потребни се консултации и преговори со засегнатите страни. Новата министерка за труд и социјала Јована Тренчевска во „Економски магазин“ на Алсат кој ќе се емитува вечерва во 22 часот посочи дека не е можно работниците да добијат зголемен минималец од 300 евра сега во февруари. Во март ќе започнат преговорите помеѓу Економско социјалниот совет во кој членуваат синдикатите, работодавачите и Владата. Едно е сигурно – минималната плата ќе порасне најмалку за три илјади денари.

Advertisements

„Ќе дојдеме до најповолното решение коешто е и за работниците и за работодавачите, секако и работодавачите треба да го имаат во предвид трудот на работниците, треба да ја имаат во предвид економската состојба и покачувањето на цените во трговијата. Се надевам дека ќе дојдеме до поволно најсоодветно решение, односно до покачување на минималната плата од 18 илјади денари,“ изјави Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button