ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќучук: Средбите меѓу премиерите позитивни за решавање на спорот

Властите во земајва не сакаат да се врзуваат со рокови за тоа кога бугарското малцинство ќе биде вклучено во Уставот, но вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека ставот е тоа треба да се направи пред членството во ЕУ. Според него, со отворањето на Уставот ќе се овозможи вклучување и на хрватското и црногорското малцинство во преамбулата.

Advertisements

Европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук вели дека новата енергија што ја рефлектираат Скопје и Софија дава надеж за дијалог. Запрашан дали и Бугарија ќе го признае македонското малцинство, тој рече дека договорот од 2017 година е основа за реципроцитет од кој треба да се најде решение меѓу двете земји.

„Процесот е долг и има расположение да се разговара на оваа тема. Се надевам ќе најдеме решение како пријатели и со европски вредности. Треба да се ангажираат сите сили за да се реализира. Новата енергија се одразува добро и за тоа има и европски известувачи кои работат во оваа насока и ја поддржувам граѓанската и социјалната енергија што се покажува. Има два концепта на консензус, едниот во Скопје и другиот во Софија. Фокусот е на важни теми во „4 + 1“ што овозможува враќање на перспективата во меѓусебната доверба и не враќа на Договорот од 2017 година кој дава добра основа за решавање на прашањата преку дијалог“, изјави Илхан Ќучук- европратеник .

Вчера четиир македонски здруженија кои функционираат во Бугарија се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски. По средбата се огласија преку писмено соопштени во кое нагласија дека единствено правилно и достоинствено решение е и двете малцинства – македонското во Бугарија и бугарското во Македонија да добијат идентитични права согласно меѓународните стандарди за правата на малцинставата. Тие пред претседателот Пендровски ги изложиле и проблмеите со кои се соочуваат за дискриминација и говор на ораза.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button