ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прв состанок на работната група со Бугарија за економија, трговија и иновации

Министерството за финансии денеска и утре е домаќин на владина делегација од Бугарија предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации.

Advertisements

Како што информираат од Министерството за финансии, на состанокот во Скопје, работната група ќе ги разгледа можностите за привлекувањето инвестиции, иновациските можности, финансирањето на проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како и приоритетите за развој на регионот, области во кои може да се развиваат заеднички проекти и слично.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button