Второ полугодие со физичко присуство, Шаќири: Клучна беше препораката на Комисијата

Одлуката второто полугодие да започне со физичко присуство на учениците според министерот за образование, Јетон Шаќири е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Шаќири во „Програма 200“, која ќе се емитува вечерва во Алсат нагласи дека продолжувањето на „зимскиот распуст“ е поврзано со безбедноста на здравјето на студентите.
„Мислам дека при носењето одлуки за продолжување на втората половина од годината пресудна беше одлуката на Комисијата за заразни болести, која и во првиот и во вториот случај донесе одлука второто полугодие да започне со физичко присуство. Ова го велам затоа што во Комисијата има стручни лица кои постојано се консултираат со Министерството за здравство и ги имаат параметрите од здравствен аспект да дадат препорака втората половина од годината да почне со физичко присуство“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.