ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Советот на  Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор. Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.

Advertisements

Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција.

-Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои одлуката на Апелациониот суд Скопје.

Исто така, во образложението на одлуката се вели дека Мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба од тоа, а најдолго до правосилноста на пресудата, а судот по службена должност на секои два месеци преиспитува дали има потреба за траење на мерката на претпазливост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button