ВЕСТИРЕГИОН

Косово ја укина мерката за три дози на граница – Еве кога стапуваат на сила новите мерки

Комитетот за управување со пандемијата денеска заседаваше за да ја процени епидемиолошката состојба и да го анализира воведувањето на новите мерки.

Advertisements

На средбата беше одлучено да се олеснат мерките преземени во текот на јануари. Министерот за здравство Рифат Љатифи соопшти дека препорачале ублажување на мерките за борба против КОВИД, кои ќе бидат одобрени утре и ќе стапат на сила во сабота.

Латифи посочи дека полицискиот час ќе започне од 00:00 до 05:00 часот, додека гастрономијата ќе работи до 23:00 часот.

Сите што ќе влезат во Косово мора да докажат дека примиле две дози од вакцината. Оние кои имаат една доза од вакцината треба да направат и PCR тест.

Исто така, се очекува да се отстрани обврската за носење маска на отворено и да се отворат спортските сали.

Латифи повика дека секоја активност на која се олеснети мерките треба да ја прифатат само оние граѓани кои имаат две дози од вакцината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button