ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

По растот на минималецот, мора да пораснат и сите други плати

Минималната плата од 18 илјади денари е добиена битка на работниците сега следува борбата за скалесто покачување на останатите плати, најавуваат синдикатите. Во Законот за минималната плата е превидено во рок од шест месеци, според член 8, скалесто да се зголемат сите останати плати и во јавниот и во приватниот сектор.

Advertisements

„Веќе разговараме со нашите синдикални организации на ниво на работодавачи, веќе имаме охрабрувачки информации дека по разговорите со работодавачите се чека законското решение да се изгласа во Собранието и веднаш по излегувањето во Службен весник, да се направат корекции во колективните договори на ниво на работодавачи“, изјави Слободан Трендафилов- Сојуз на Синдикати.

Скалестото зголемување треба се случи веднаш бидејќи може да се случи изедначување на платите на различни работни позиции, односно помалку квалификуваните работници да добиваат исти плати со они кои имаат повисока квалификација.

„Доаѓаме до ситуација каде сестра во примарното здравство и хигеничарот и помошно-техничкиот персонал, ќе земаат иста плата од 18 илјади денари. Не сакаме никој да навредиме, но секогаш кажуваме дека имаме колективни договори и во тие договори скалесто што е и законска обврска на Владата да ги зголеми платите“, вели Благоја Ралповски- Конфедерација на слободни синдикати.

Минималецот од 18 илјади денари е предвидено да почне да се плаќа од април за мартовската плата. Ќе опфати повеќе од 80 илјади вработени. Од државниот буџет до крајот на годинава ќе се одлеат 16 милиони евра за покривање на придонесите, но само за зголемениот дел од 2.800 денари.

Според пресметките, за едно лице државата ќе треба да плаќа од 1.200 до 1.300 денари месечно како финансиска помош за фирмите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување.

Андреа Чобанова

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button