
Државата се соочува со недостиг на лекари специјалисти во повеќе области. Од Здружението на лекари специјалисти велат дека најпосакувани специјализации на студентите по медицина се пластична хирургија, кардиологија, гинекологија, офталмологија и ортопедија. Тоа го потврдуваат и од Лекарската комора кои алармираат дека секоја друга специјализација надвор од горенаведените специјализации е дефицитарна.
Специјализации за кои студентите имаат најголем интерес:
– Пластична хирургија
– Офталмологија
– Кардиологија
– Гинекологија
– Ортопедија
Помалку заинтересирани има во овие насоки – кои исто така се дефицитарни
– Педијатрија
– Анестезиологија
– Гинекологија – во други градови надвор од Скопје
– Општа интерна медицина
Меѓу најдефицитарните се пулмологија и епидемиологија. Специјалистите од овие две насоки сметаат дека надминувањето на овој проблем би настанал кога државата ќе ги стимулира студентите по медицина да продолжат со специјализации на дефицитарни насоки.
„Можеби Министерството за здравство треба да размисли за некаква мотивација за овие млади луѓе кои дипломираат на Факултетот да се специјализираат во епидемиологија, или социјална медицина бидејќи тоа се гранки од медицината кои се многу важни и многу дефицитарни во моментов. Кога ќе се појави епидемија или пандемија во која сме ние, епидемиолозите се на прво место. Во моментов во Скопје имаме само четворица епидемиолози и општ лекар кои работат две години без прекин. Немаат ни празници, ни слободни викенди, оти нема кој да го покрие градот“, рече Лулзиме Бајрами, епидемиолог.
Студентите по медицина кои ги анкетираше АЛСАТ велат дека се уште не одлучиле што ќе одлучат за специјализација.
„Јас сум студент во 3-та година, општа медицина. Може да одам на операција, или анестезиологија, сè уште не сум одлучила. Овие две специјализации повеќе ме привлекуваат, мислам дека ова е одлука што секој студент сам ја носи“, вели еден студент на медицина.
„Би било добро да се пополнат тие дефицитни позиции, но мислам дека секој има посебен талент за одредена насока и треба да се насочи кон специјализациите кои ги сака и можат да придонесат со сиот свој потенцијал“, велат студентите.
Според податоците на Министерството за здравство, во текот на минатата година лиценци за специјализација добиле 379 лекари каде според податоците доминира Гинекологија и акушерство, стоматологија и ортопедија.
Вјолца Алити