МАКЕДОНИЈА

Запленети 1,6 тони марихуана

Полицијата запленила 1,6 тони марихуана чија вредност на пазарот достигнува до 3,2 милиони евра. Биле преземени две акции, едната во Струмица а другата во Ресен. Првата во сертифицирана компанија за преработка на медицински канабис. Растенија од различни фази, цвеќиња, лисја и основни сорти се пронајдени непријавени. Според извори на Алсат, станува збор за фирмата „Солидис Хербал“ од Струмица, заверена со одлука на Владата на 28 декември 2019 година за преработка на канабис за медицински цели. Пронајденото количество е одземено, а против субјектот ќе бидат преземени мерки согласно законот.

Во втората акција во Ресен фатени се двајца шверцери. Во нивниот автомобил биле пронајдени 50 килограми марихуана, чија вредност достигнува и до 200 илјади евра. Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога“.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button