ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сите компании нема да можат да го исплатат покачениот минималец

Бизнисмените тврдат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но тврдат дека добар дел од помалите компании ќе имаат сериозни проблеми во обезбедувањето пари за исплатата на платите. Економијата засега не е заздравена, продуктивноста се уште е на ниско ниво. Не се исклучува можноста да има и намалување на вработените во дел од секторите.

„Одредени компании, одредени дејности ќе се соочат со сериозен проблем со намалување на капацитетот на вработени, бидејќи знаеме дека нема да можат оние ексел табели со кои се пресметува платат да ги аплицираат во образецот за плата и да ги исплатат“, рече Владанка Трајкоска Организација на работодавачи.

Владата реши на сите компании кои имаат вработени лица на кои им исплаќаат минимална плата до нова година да исплаќа дел од придонесите. Експертите сметаат дека државата треба да интервенира само кај оние компании на кои навистина им е потребна помош.

„Немам јас проблем државата да субвениционира или да помага фирми за тие да можат да ја зголемат минималната плата. Но тука треба да има неколку принципи, а прво и основно е, треба да се помагаат само фирми на кои што им треба помош, а не да се помагаат и фирми кои можат сами да исплаќаат минимална плата“, рече Бранимир Јовановиќ Виенскиот Институт за меѓународни економски студии.

Во Економски магазин на Алсат кој се емитуваше вечерва во 22 часот синдикалците рекоа дека се задоволни од постигнатиот договор, но и ги охрабруваат вработените да ги пријават газдите кои ќе се обидат на било кој начин да го заобиколат или прекршат Законот за минимална плата. Предлог законот веќе е испратен во собранието, и се очекува во експресна постапка да биде усвоен. Опозицијата сепак најави амандмани со кои ќе се наложи платите да се зголемат и кај останатите вработени.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button