ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Демант од Универзитетска клиника за хематологија

УК за Хематологија остро реагира на невистинитите информации кои денеска беа објавени во информативното издание на Алсат телевизија. Целосна невистинита е дека на Клиниката за хематологија, нема слободни термини, дополнително јавноста од страна на Алсат телевизија е доведена во конфузија, бидејќи додека се емитуваше информацијата, беше инсертирана со сники од друга институција, а на пациентите на кои им беа земени изјави не се пациенти на Клиниката за хематологија.

Advertisements

УК за Хематологија ја информира јавноста дека има доволно термини, а тоа може да се потврди на сајтот mojtermin.mk. Сите пациенти кои Алсат ги снимале, како чекаат ред и даваат изјави , не чекаат ред на Клиниката за Хематологија , туку пред друга институција со која Хематологија, дели ист објект, но нема  ништо друго заедничко. Ниту еден од пациентите кои даваат изјава и се жалат на недостиг на лекови не е пациент на нашата клиника ,Клиниката навремено обезбедува лекови и сите пациенти се снабдуваат со истите преку дневна болница.

УК за Хематологија е транспарентна и има одлична соработка со медиумите, ги охрабруваме сите да истражуваат и да бидат гласноговорници на јавноста и граѓаните, но клучно е дека мора да ја зборуваат вистината. Повикуваме во иднина Алсат да бидат добро информирани која институција и чии пацинети снимаат, како не би се довела во заблуда јавноста.

Клиниката за хематологија, бара невистинитата информација објавена во вестите на медиумот да се повлече, а овој демант да биде во целост објавен.

 

Секогаш отворени за соработка !

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button