ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тензии и кавги во собраниската Комисија за образование

Судирите меѓу мнозинството и македонската опозиција повторно ја отежнаа расправата за Законот за наставници во собраниската Комисија за образование. Тензиите во еден момент ескалираа, па беше избегната дури и физичка пресметка.

Advertisements

Опозициската ВМРО ја обвини власта дека ги избегнува собраниските процедури предвидени во Деловникот и со сила сака да го одложи донесувањето на законот. Седницата беше продолжение на заостанатата расправа пред половина година во истата комисија.

„На списокот има и многу колеги кои немаат право процедурално да зборуваат. Она што денеска го направи претседателката на комисијата, почна со дневниот ред додека истиот дневен ред во комисијата не е одобрен. Само за најава, нашите процедурални говори сè уште имаат врска со заклучоците од јавната расправа што се одржа овде минатата година во Собранието и која имаше врска со новиот Концепт за образование“, рече Благица Ласоска, ВМРО-ДПМНЕ.

Жаклина Лазаревска, претседателка на Комисијата рече дека на седницата од 17 јуни 2021 година со осум гласа „за“ бил изгласан дневниот ред и затоа Комисијата треба да продолжи да работи и да расправа за платите на наставниците. СДСМ ја обвинува опозицијата дека намерно го попречува покачувањето на платите.

„Блокадата на законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претвори во обиди за физичко насилство, закани и хаос. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да започне расправата за овие измени, а камоли нивно одобрување. Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Жаклина Лазаревска, претседателка на Комисијата за образование.

По реакциите на опозицијата, власта се согласи на пратениците да им се даде право на процедурален говор како што и бараа. Со измените на Законот за наставници што ги предложи Владата, се очекува 27 илјади наставници да земаат повисоки плати, а 4.700 наставници да добијат постојан работен однос. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button