СПОРТФУДБАЛ

Севилја со минимална предност против Вест Хем

Екипата на Севиља стигна до победата во првиот од двата планирани натпревари со екипата на Вест Хем, 1/8 финалето на Лигата на Европа.

Advertisements

Шпанците беа тие кои го диктираа темпото на игра, но тешко реализираа, при што првиот и единствен гол на оваа средба дојде по еден час игра. И покрај обидите на двете екипи, првато полувреме заврши со реми без голови.

Во 60. минута по асистенција на Акуна, Ел Хадади го постигна победничкиот гол за Севиља. Чеканите во неколку наврати се обидоа да извлечат барем еден бод, но не успеаја во тоа.

Севиља посмирено ќе отпатува кон „Олимпискиот стадион“, каде на 17 март кога ќе се одигра реваншот за оваа рунда од Лигата на Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button