ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Димитров: Продолжување на кризата би можело да се одрази врз нашиот најголем трговски партнер

Падот на извозот најмногу ја погодува автоиндустријата, вели во своето гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија. Како што додава тој неизвесноста би можела да биде уште поголема ако воената криза во Украина потрае подолго.
„Нашите компании во ТИРЗ-овите произведуваат одредени склопови за автоиндустријата, директно се погодени, земјоделците не знам колку ќе бидат погодени, но се плашам дека ако кризата потрае подолго, може да доведе до пад на економијата во Европа, особено во Германија, што е многу важно, оти е наш најголем трговски партнер“, вели Димитров.