ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Граѓани: „Цените се високи, мора добра организација, инаку е лошо“

Со ДДВ ли не, цените на основните прехранбени производи за граѓаните се скапи. Оние граѓани кои ги анкетиравме велат дека не очекуваат драстична разлика на цените во маркетите. Се жалат дека сите мерки кои се донесени се задоцнети бидејќи храната сериозно поскапе уште пред неколку месеци.

Advertisements

„Тука не може да се верува на никого и на ништо што ќе каже, апсолутно. Како се поминува месецот? Јас го поминувам добро дека го организирам добро, инаку лошо е.“

„Јас мислам дека не би требало воопшто да се намалува и да си оди сè како што треба, по пазарни услови. Сето ова компликува, сè останато. Што компликува, работата на трговците? На сите и на администрација и на трговци сè се комплицира без потреба.“

Трговците до вчера имаа обврска да ги прилагодат фискалните каси по новите правила, односно цените на основните прехранбени производи да ги наплаќаат без ДДВ. Инспекторите на УЈП се на терен, но состојбата ја следат и преку ЏИ-ПИ-ЕС софтверот со кој државата секојдневно го следи остварениот промет во трговијата.

„Управата за јавни приходи врши контроли, од вчера е на терен и ќе продолжи да врши контроли по овој основ, дали правилно ја променуваат даночната стапка даночните обврзници коишто продаваат вакви производи“, изјави Кујтим Дервиши, Главен генерален инспектор.

Дали лебот, шеќерот, маслото за јадење, млекото, месото, оризот и јајцата се продаваат без ДДВ граѓаните можат да видат на фискалната сметка. Наместо пет отсто, до крајот на мај овие производи мора да се продаваат без ДДВ. Ова е една од антикризните мерки на владата преку која, надлежните велат дека граѓаните ја подобрат куповната моќ. Во сила е и мерката за ограничена трговска заработувачка од основните прехранбените производи.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button