ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Парите од новите задолжувања да не се трошат како во пандемијата“

Ново задолжување на земјава е неизбежно сценарио за полесно надминување на кризата. Но, за разлика од пандемиската криза, сега позајмените пари треба да се потрошат наменски со точно таргетирани мерки, велат економските експерти. Право на помош не треба да имаат компаниите кои не се многу погодени, а не како во пандемијата кога помош за исплата на плати добија и фирми со огромни профити.

„Парите треба да завршат кај фирми каде што им треба помош коишто се навистина погодени од кризата и не можат да излезат од неа и на сиромашните граѓаните. За време на пандемијата не го видовме ова, клучно е сега парите да бидат потрошени наменски и за помагање на тие на коишто им треба помош“, изјави Бранимир Јовановиќ- Универзитетски професор.

Јовановиќ очекува трендот на раст на јавниот долг на земјава да се продлабочува во следните години, па власта би требала приходите во буџетот да ги зголеми преку воведување на прогресивен данок и за граѓаните и за фирмите.

Прогресивното оданочување Владата го стави во мирување до јануари 2023 година со образложение дека претходната неколку месечна примена имала негативен ефект врз даночниот систем.

Инаку, од Министерството за финансии веќе најавија дека се планира издавање на еврообврзница во вредност од 600 милиони евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button