ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатите, „про“ генерален штрајк

Наставниците се подготвени за генерален штрајк од 11 април доколку Владата продолжи да ги игнорира барањата за покачување на платите во образованието и градинките. Агим Ријани, наставник од Кичево за Алсат изјави дека ќе ја поддржи секоја одлука на СОНК и покрај тоа што е дел од Самостојниот синдикат за образование и наука. Според Ријани, за прв пат ќе се случи наставничката плата да биде помала од просечната плата во земјава која веќе се проценува на 29 илјади денари.

Advertisements

„Владата на некој начин ги прекрши сите договори кои беа, а кои се нарекуваат колективни. Сега овие се оправдуваат со кризата, но оваа држава веќе ја има кризата 30 години и чекаме, но нема промена. Што се однесува до загубата за децата, верувајте дека навистина ќе изгубат ден-два, но се компензира доколку на некој начин министерството најде некакво решение за ова. Просечната плата достигна околу 29 илјади додека ние сме уште на 24-25 илјади денари, ова не е во ред. Ова е првпат во оваа земја платата на наставникот да биде помала од просечната плата на национално ниво“, ИЗЈАВИ Агим Ријани, наставник

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека бара време да се реши проблемот за да бидат задоволни за сите страни.

СОНК бара покачувањето на платите во образованието и градинките од мартовската плата за најмалку 18,5%, .Според СОНК, доколку во градинка платата била околу 25 илјади денари, реалната плата во март би била околу 30 илјади. Ова би се однесувало и за основното и за средното образование. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button