ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Слави Трифонов: Над 100.000 Македонци се плашеле да се изјаснат за Бугари

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, кој е дел од владејачката коалиција, на својот фејсбук профил сподели остра реакција кон македонските власти, по објавените резултати од пописот. Тој кажа дека над 100.000 Македонци, приложиле докази за бугарски корени и се стекнале со бугарско државјанство, но се плашеле на пописот да се изјаснат како Бугари. „Ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, односно да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани треба да можат слободно да се самоопределат и нивните права не смеат да бидат прегазени. Ако тоа не се случи, Северна Македонија ќе си остане само дел од Западен Балкан“, напиша Трифонов./Alsat.mk

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button