ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата ги оспорува резултатите од пописот, власта задоволна

Опозицијата ги оспорува резултатите од пописот, власта задоволна

Опозициските партии ги оспоруваат резултатите од пописот. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека пописот не е завршен, зашто Заводот за статистика не успеал да идентификува 7 отсто од граѓаните кои бојкотирале. Од партијата на Христијан Мицкоски обвинуваат дека власта ги толкува резултатите за политички цели. Од оваа партија велат дека по нивното доаѓање на власт ќе реализираат нов електронски попис.

Advertisements

Од Алијанса за Албанците велат дека пописот не е веродостоен и оти имаат дилеми околу објавените резултати.

„На теренот останаа непопишани 132 илјади граѓани, а проценуваме дека бројот од 260 илјади граѓани кои живеат во странство не соодветствува со реалноста и податоците објавени од меѓународните организации. Овие две точки отвораат дилеми за тоа како е извршен пописот на овие лица“, нагласи Халил Снопче- пратеник на АА.

Левица која го бојкотираше пописот, денеска оцени дека тој е нелегитимен и нема да го признае како статистичка операција. Од друга страна, Владата оценува дека по 20 години се реализирала основата за креирање идни политики. Според власта, чии членови дојдоа на објавувањето на резултатите, податоците од пописот се сигурни и веродостојни.

„После 20 години пописот е спроведен и тој ќе даде релативна информација за реалната состојба на населението што ѝ овозможува на државата да креира политики во интерес на граѓаните и бизнисот. Податоците од пописот се сигурни, веродостојни и во интерес на планирањето на политиката“, велат од владата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека пописот не бил воопшто лесен, но според него, институциите успеале.

„Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население. Во градот Скопје 22,8%, од 20,04% во 2002 година. Честитки до сите институции кои беа вклучени“, рече Али Ахмети- претседател на ДУИ.

Резултатите од пописот ги поздрави и дипломатскиот кор во земјава.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button