ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во администрацијата протестираа пред Собранието

Вработените од администрацијата излегоа на предупредувачки протест за усогласување на платите согласно растот на минималната плата. Со зголемување на бодот за сложеност на работните обврски и стекнатото образование, тогаш платите во администрацијата ќе треба се зголемат, велат синдикатите. Доколку власта нема слух, ќе започнат со генерални штрајкови на работните места во цела администрација.

„Решението е едноставно – зголемување на бодот согласно Законот за административни службеници, проблемот ќе се реши за половина час, немојте да манипулирате во јавноста“, рече Благој Ралповски, Претседател на КСС.

Од Синдикатот на образование остануваат на ставот за генерален штрајк на школите и градинките од 11 април. За нив оправдувањето дека власта немала пари, не е оправдување.

„Ни се става кризата како аргумент за немање на средства за исплата на нашите барања, кризата ако е за државата, кризата е и за нашите семејства“, нагласи Јаким Неделков, СОНК.
На вработените во енергетските компании основната плата им е под минималната, велат од синдикатот за енергетика.

„Како прво барање на синдикатот е основица за пресметка на плата да биде минималната, а не сума од 11.450 денари. Почитување на законот за работа во недела кој не се спроведува во ЕСМ“, нагласи Васко Перчаковски, Синдикат на енергетика, рударство и индустрија.

Барање за скалесто зголемување на платите испратија и од паријата Алијанса на Албанците, барајќи државата да ги почитува законите за зголемување на останатите плати за да нема изедначување на минималецот со оние кои имаат поголеми задолженија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button