ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска најави суштински промени во учебниците за основно и средно образование

Министерството за образование и наука ќе изврши суштински измени во наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование. Мила Царовска рече дека потребата од нов систем со наставни материјали е резултат на постојаните реакции од родителите, учениците, но и од самите наставници кои бараат повлекувањето на учебниците поради  стереотипи, предрасуди, грешки, но и лошиот квалитетот учебниците. Вчера Министерството за образование го повлече учебникот за петто одделение по предметот македонски јазик, поради дискриминирачки текстови кои ја засилуваат родовата нееднаквост.

Advertisements

 За да се создаде нов систем за подготовка на наставни материјали, Министерството за образование и наука веќе воспостави работна група со претставници од Министерството, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието, како и претставници од меѓународните институции и граѓанскиот сектор. Царовска исто така додаде дека со реформите во основното образование, книгите нема да бидат потребни, туку ќе се користат наставни и дидактички материјали кои ќе се ажурираат на годишно ниво и ќе им се дистрибуираат на учениците и наставниците. Алсат многупати информираше за  бројните грешки,  навредливи во некои учебници во основното образование, како што се географија, историја и општество. Претставниците на Министерството за образование постојано ветуваа дека ќе ги исправат грешките до објавување на нови книги, дури и дека ќе се формираат комисии, но овие книги и натаму се дел од наставниот процес.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button