Бауш: Квалитетниот кадар бега од Македонија

Економистот Абиљ Бауш, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, коментирајќи ги резултатите од пописот се осврна и на податок од Светската Банка кој покажува дека повеќе од половина милион жители се надвор од државата. Како што појаснува тој, голем дел од нив се квалитетни кадри кои заминуваат и на периодична работа во странство, но често пати и воопшто не се враќаат.
„Еден податок, којшто го земав од Светската банка – неофицијално, 600 000 луѓе веќе не се во Македонија. Кога велиме не се во Македонија…има случаи кои периодично работат во европските земји, затоа што квалификуваниот кадар е баран во европските држави. ИТ, доктори, архитекти, економисти…тие периодично одат и се враќаат, но до кога. Ќе создадат семејство, ќе заминат и нема да се вратат. Квалитетниот кадар бега од Македонија“, вели Бауш.