ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стануваме ли зависни од увоз на работна сила, еве што велат од Стопанската комора

Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, коментирајќи ги резултатите од пописот се осврна и на намалувањето на бројот на работната сила. Како што рече таа, надлежните институции би требало да утврдат за кои странски работници би можеле да бидеме атрактивна дестинација, бидејќи би можело да се соочиме со евентуално заминување на некои компании чие производство би било загрозено поради немање работници.

„Ќе бидеме пред избор, условно речено, да увезуваме работна сила или да извезуваме капитал. Ако компаниите коишто постојат тука, немаат еден од основните ресурси за производство, а тоа е трудот, ќе го соберат капиталот и ќе се најдат во средина во којашто ќе можат да обезбедат работна сила“, вели Димовска, додавајуќи дека најголем број дозволи за работа на странци во државата се издадени на граѓани на Турција, а потоа се Србија, Албанија, Косово…“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button