ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тупанчевски за „Палермо“ доби само опомена, ама и неа не ја покажуваат

Тупанчевски за „Палермо“ доби само опомена, ама и неа не ја покажуваат

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, со забелешка го затвори етичкото прекршување на министерот за правда Никола Тупанчески за неговото патување во Палермо, Италија. Алсат денеска побара да го види писмото испратено до Министерството за правда, но од нејзиниот кабинет ни рекоа дека имала напорна агенда и не може да се изјасни за случајот. Немаше коментар ниту од Министерството за правда, чиј прв човек на 24 март летна до Палермо на мечот меѓу Италија и С. Македонија,. Картата му била подарок, со што е прекршен Етичкиот кодекс на Владата и нејзините членови.

Advertisements

Алсат неофицијално дознава дека Советот на јавни обвинители има иницијатива за формирање на Етичка комисија која ќе го разгледува и случајот со обвинителката Фатиме Фетаи. И таа беше видена на трибините во Палермо. Не се знае дали слична постапка ќе отвори и Судскиот совет против претседателот на Кавадаречкиот суд Лазар Нанев, кој им правеше друштво.

Во случајот „Палермо“, Комисијата за спречување на корупцијата вети дека детално ќе ги прочешла сметките и сè што е поврзано со овој случај. Но, само една недела подоцна го смени ставот со образложение дека додека не се констатира етичка или дисциплинска повреда, не можеле да интервенираат.

По фотографиите на овие носители на високи функции објавени на социјалните мрежи, јавноста го постави прашањето дали самите си платиле за патувањето или биле со парите на граѓаните?

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button