Мицкоски: Бугарија со овие позиции сака да не асимилира додека влеземе во ЕУ

Изјавата на Петков е токму она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со месеци наназад дека нашите билатерални проблеми и барањата на официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас ЕУ и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Па ако прецизно ја читате таа изјава од Кирил Петков ќе видите дека тоа што тој го зборува го зборуваме веќе ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично месеци наназад, а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се Бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, посочи Мицкоски