ВЕСТИЗДРАВСТВО

Се враќаат препораките за миење раце против КОВИД

Иако изминативе денови е забележано мало намалување на позитивните случаи, Комисијата за заразни болести препорача да се укинат сите рестриктивни мерки против Ковид. Исклучок е носењето маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица. Комисијата исто така се враќа на трите основни препораки.

„Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат препораките за одржување лична хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и држење на растојание. Исто така, не се откажувајте од вакцинацијата. Будно ќе ја следиме ситуацијата, доколку има потреба ќе предложиме нови рестриктивни мерки“, наведоа од Комисијата за заразни болести.

По три години, пролетта ја враќа пандемијата во нормала, па како за Велигден, така и за Бајрам граѓаните ќе можат да ги практикуваат сите верски обреди, информираат од Институтот за јавно здравје. Но, директорот Шабан Мехмети предупредува да се внимава при семејните групирања.

„Луѓето мора да бидат многу внимателни. Собирањето е главен фактор за пренесување на вирусот. Рано е да се констатира дали ќе имаме зголемени позитивни случаи од велигденските собири бидејќи се работи за двонеделен процес на инкубација. Сепак, иако имаме олеснување на мерките и сè уште се намалува бројот на случаи, мора да се внимава“, рече Мехмети.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 18 до 24 април биле направени 14.160 корона тестови. Од нив позитивни биле 592. Тоа е намалување од 26% во однос на пред една недела. Најголем број случаи има во Скопје, а највисока инциденца има во Битола.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button