МАКЕДОНИЈА
На судењето за Рашковски читани СМС пораки

Поранешниот владин генерален секретар, Драги Рашковски денеска повторно седна на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд. Обвинителството за случајот „Софтвери“ презентираше пораки меѓу Даниел Станчев сопственикот на фирмата „Ивока груп“ и Ивица Димитровски професор на ФИНКИ и хонорарец во Владата ангажиран од Рашковски. Тие разговараат за начинот на набавката на спорниот софтвер креиран од Рашковски, јавната ааукција на која учествувале и други фирми, како и објавите во медиумите за случајот кој ја брануваше јавноста. Тие на државата преку Рашковски и продадоа софтвер за сообраќајни прекршоци кој МВР не го користи. Обвинети се за злоупотреби и за оштета на буџетот од близу 300 000 евра.