ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје санкционирани 164 возачи, 35 за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера се изречени 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. 

Advertisements

Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button