ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Не е време за разговор за избори, се наоѓаме пред тешка зима

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека СДСМ и коалицијата остануваат на ставот дека нема да прифатат средба на која би се разговарало за предвремени избори, бидејќи, како што кажа државата и цела Европа се во тешка криза и се во очекување на најтешката зима.

„Во однос на средба којашто се однесува на предвремени избори на агенда, кажавме дека таква средба не треба да се одржи со оглед дека такво барање доаѓа во момент на најголема енергетска и економска криза во Европа. Пред нас е најтешката зима со којашто ќе треба да се справиме“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button