МАКЕДОНИЈА

Бектеши од Софија: Историјата да се тргне настрана, да изнајдеме заеднички решенија во интерес на сите

Сите земји кои се присутни на овој Министерски состанок се исправени пред воената агресија која се случува во срцето на Европа и која предизвикува огромни штети за сите, порача во своето обраќање министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот Министерски состанок за Регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција што се одржува во Бугарија.

Тој се заблагодари на поддршката на ЕУ со која изминатите години се работеше заеднички на реформите во енергетскиот сектор во земјава со цел изградба на нови интерконектори и поголема поврзаност на мрежата не само во регионот, туку и Европа.

Во своето обраќање тој порача дека историските прашања треба да се тргнат на страна и да се носат решенија во интерес на сите.

-Регионот произведува многу историски прашања и во овие тешки времиња неопходно е да се тргне историјата настрана. Ве повикувам сите на солидарност заеднички да изнајдеме решенија кои ќе бидат во интерес на сите земји, посочи Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button